ДЕТАЛИ ЗА ПРОЕКТ

01.10.2020 – 30.09.2021

Нарушувања од спектарот на аутизам - Јакнење на образовните асистенти ("Autism Spectrum Disorders - Empowering Teaching Assistants")

Ве известуваме дека на Здружението за унапредување на квалитет на живот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“ му се одобрени финансирања од Еразмус + програмата на ЕУ за клучна акција 104 (Мобилност за едукација на возрасни) за проектот „Нарушувања од спектарот на аутизам- Зголемување на компетенциите на образовните асистенти“ со рег. број KA104-73A218B3 кординиран од страна на Ана Петковска Николовска.

 Целите на проектот се:

  1. Континуирана реализација на нови и квалитетни форми на интернационална соработка и интернационализација на нашите едукативни и социјални услуги;
  2. Зголемување на компетенциите на членовите на организацијата во примена на специфични методи и пристапи за работа со децата со аутизам;
  3. Зголемување на компетенциите на членовите на организацијата за работа во мултикултурна средина и
  4. Понатамошно подобрување и зголемување на капацитетите за управување и проекти на нашата организација.

 Проектот ќе се спроведува во три дела:

  1. Пред мобилност-конкурс за одбирање на учесници, подготовка на учесниците и склучување на договори;
  2. Мобилност – подготовкa, мобилност, координација и надгледување на учесниците во мобилноста 
  3. Период после завршување на мобилноста – пишување на извештаи, евалуација и дисеминација.

Со овој проект планирано е да бидат вклучени 2-ца образовни асистенти специјални едукатори и рехабилитатори и 2-ца членови на организацијата кои ќе посетат инклузивни училишта во Нортхемптон, Велика Британија во периодот Мај – Јуни 2021 година. Соработката со училиштата е овозможена преку посредство на организацијата Таргет Аутизам од Нортхемптон која е наш долгогодишен соработник.