Материјали

Тргнувајќи од визуелноста, како јака страна, во работата со децата и лицата со нарушувања од спектарот на аутизам неопходно е креирање и адаптирање на материјали за визуелна поддршка на комуникацијата и когнитивна пристапност до информациите. 

За таа цел, креираме, адаптираме и преведуваме материјали во соработка со Aragosa центарот за аугментативна и алтернативна комуникација под лиценца на Creative Commons (BY-NC-SA).

Овде можете да превземете материјали за: 

  • Визуелна поддршка на комуникација
  • Визуелни распореди
  • Картички и работни листови за подучување на секојдневните активности
  • Картички, работни листови и кратки приказни за подучување за однесувањето, чувствата и  емоциите, како и
  • Софтверски едукативни алатки.

Доколку имате желба да се вклучите во нашиот тим за изработка на лиценцирани материјали пишете ни на нашиот e-mail: contact@sinasvetulka.mk