новости и публикации​

Лицата со нарушувањата од спектарот на аутизам на пазарот на трудот

“Labor Inclusion for People with Autism” или накратко LIPS е проект кој е финансиран од Еразмус + програмата на ЕУ и започна со своите активности од 01.10.2022 година.

Проектот е координиран од страна на LAGO BECU SL oд Валенсија, Шпанија а партнери се Fundacja Zrozumiec Autyzm од Лоѓ (Полска), „Сина Светулка“ (Македонија) и Zbornica za razvoj podjetnikov (Словенија).

Кога станува збор за вработувањето и лицата со аутизам во нашата држава, според податоците, немаме евиденција на вработени лица со аутизам воопшто. Меѓутоа, во разговорите за оваа проблематика, голем дел од луѓето можат да кажат дека на своите работни места имаат колеги кои можеби ги имаат карактеристиките на Аспергер-ов синдром. Кај нас, оваа проблематика не се дијагностицира, односно децата со аутизам се дијагностицираат само доколку имаат значајни проблеми, а додек пак дијагностиката на возрасни не постои. Голем дел од лицата со Аспергеров синдром, имаат проблем со депресија, анксиозност, ADHD или опсесивно компулсивни нарушувања, за кои бараат медицинска поддршка. Меѓутоа, причината за овие проблеми, односно фактот дека овие лица спаѓаат во нарушувањата од спектарот  на аутизам, најчесто останува не препознаен.

Во периодот 27.11 до 01. 12 Доц. др. Јасмина Трошанска од Тетовскиот универзитет и м-р Анита Стојчевска од ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово беа дел од првата активност „Learning Lab” koja се реализираше во Валенсија. Во рамките на оваа активност, лица кои се во спектаорт на аутизам (Аспергеров синдром), кои се успешни во нивните професии (најчесто анимираната филмска индустрија, обработка на податоци, маркетинг менаџмент) зборуваа од свое лично искуство за потребите и предизвиците со кои се соочуваат или се соочувале на своите работни места. Беше истакнато дека за успешно функционирање на работното место неопходно е креирање и почитување на протоколи кои би ги исклучиле можностите за непредвидливост на работниот ден но и можностите за манипулација од страна на некои работодавци и колеги, кои често пати можат да влијаат на лицата кои се во спектаорт на аутизам.

Според разговорот, и стручните лица, и бизнисмените се согласија дека предлогот на лицата кои се во спектарот на аутизам, за постоење на протокол за работа со кој ќе се регулира работниот ден, работните задачи, начинот на комуникација и реализација на работните задачи, може да биде многу корисен за сите вработени во компаниите. Ваквиот протокол би содржел јасни правила, кои доколку ги почитуваат сите вработени во компанијата, ќе се зголеми нивната ефикасност а истовремено ќе се намали можноста за заситување и професионално согорување. 

Во периодот коj следува, до 01.04.2024 Здружението „Сина светулка“ заедно со своите партнери ќе работи на истражување, методологија, курикулум и едукативна платформа за претприемачите кои имаат за цел да вработат лица со нарушувања од спектарот на аутизам.  Следете не за повеќе информации и новисти во врска со овој и останатите наши интернационални проекти нa на нашиот веб сајт и фејсбук страница.

Споделете со пријателите:

Viber
наши видео обуки
Лицата со нарушувањата од спектарот на аутизам на пазарот на трудот

Совети за развој на комуникација

Лицата со нарушувањата од спектарот на аутизам на пазарот на трудот

Сензорни активности во домот

Лицата со нарушувањата од спектарот на аутизам на пазарот на трудот

Поттикнување и развој на социјални вештини

Лицата со нарушувањата од спектарот на аутизам на пазарот на трудот

Подготовка на алатки за визуелна поддршка

Лицата со нарушувањата од спектарот на аутизам на пазарот на трудот

Едноставен знаковен јазик

Лицата со нарушувањата од спектарот на аутизам на пазарот на трудот

Вовед во нарушувањата од спектарот на аутизам

Нашата веб страница користи колачиња (cookies) за да Ви овозможи подобро корисничко искуство.