Еразмус + едукации

на нашите семинари

го надградуваме знаењето и заедно градиме инклузивно општество

Ние сме тим на сертифицирани специјални едукатори и рехабилитатори кои работат со ученици со посебни потреби и обука на студенти и професионалци, со искуство повеќе од две децении.

Со посетата на нашите семинари и курсеви за обука, кои исто така се одржуваат и во рамките на Еразмус + КА1 програмата ќе го надградите вашето знаење, вашите вештини и ќе добиете нова перспектива во Вашиот професионален развој.

Денес, кога образованието постојано се менува, ние, наставниците, научниците и истражувачите кои се занимаваме со образованието на учениците со аутизам и ги подготвуваме за нивната иднина во инклузивното општество, се соочуваме со бројни предизвици.

Да се подготвиме со помош на практични и современи семинари за едукација!

Дозволете да ви посакаме добредојде! Сигурни сме дека ќе заминете со трајни спомени и со низа корисни знаења и искуства што ќе го променат вашиот поглед и начинот на кој работите со децата со нарушувања од спектарот на аутизам.

Заедно да изградиме инклузивното општество!

Нашите курсеви за обука на професионалци од областа на нарушувањата на спектарот на аутизам се создадени врз основа на научно-истражувачка работа која беше спроведена за потребите на едукација на професионалци кои работат во училиштата со оваа проблематика низ цела Европа во рамките на проектите Еразмус +: ESIPP (www.esipp.eu) и ASD-EAST (www.asd-east.org).

нудиме семинари, обуки и проекти

за наставници, специјални едукатори и рехабилитатори и други професионалци

Здружението за унапредување на квалитет на живот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“ (ID: E10180694) организира семинари, обуки, учествува во проекти, а исто така организира и обуки од рамките на Еразмус + рограмата за едукација на наставници, специјални едукатори и рехабилитатори и други професоналци за предучилино, основно, средно образование и работно усовршување на едукативни центри и едукации на возрасни.

Нашите курсеви придонесуваат за професионален развој и стекнување вештина на целните групи преку употреба на практично искуство, учење засновано на проблеми и задачи за размислување од повисоко ниво. Со посета на нашите обуки учесниците ќе добијат:

  • Поддршка во професионалниот развој, подобрување на нивниот квалитет на настава, обука и младинска работа низ цела Европа во областа на нарушувања од спектарот на аутизмот;
  • Поддршка за стекнување на компетенции за работа со ученици со посебни образовни потреби во редовни и посебни услови на образование;
  • Свесност и разбирање за начинот на живот на децата со аутизам и нивните семејства;
  • Формално, неформално образование, стручно оспособување, вработување и претприемништво.

Доколку сакате заедно да аплицираме на проект преземете PIF документ тука.